Топ 10 места во светот со чисто кристална вода

0
756

10-те дестинации каде што ќе најдете кристално- сина и чиста вода на планетата! Овие дестинации сигурно ќе ги додадете во листата со желби за вашиот следен одмор!

Кала Макарељета, Мајорка, Шпанија
Тиркизната вода и белиот песок на овој залив е светски позната, иако стигнувањето до таму вклучува 30-минутна прошетка низ шума или по вода. Не грижете се – како што се гледа од сликата, патувањето вреди!

Латофага, Самоа
Во средината на селцето Лотофага се наоѓа овој природен базен, чие име во буквален превод значи „голема дупка за пливање.“ За посетителите е поставена долга скала, за да можат да слегуваат и да нуркаат на длабочина од речиси 30 метри.

Езерото Џени во Вајоминг, САД
Водениот базен е главна атракција на Националниот парк „Гранд Тејтон“ – поради очигледни причини.

Малдиви
Не постои човек кој не слушнал за архипелагот Малдиви составен 1190 корални острови лоцирани во срцето на Индискиот Океан. Се таму е прекрасно и песокот и смарагдната вода.

Бодрум, Турција
Не е изненадување дека древните Турци се одлучиле да изградат пристаниште токму на ова место. Полуостровот Бодрум може да се пофали со многу историски знаменитости – таму е роден таткото на историјата, Херодот, како и Мавзолејот во Халикарнас, еден од седумте светски чуда. Но чудото, заради што ви го препорачуваме да одите е проѕирната сина вода.

Далмација, Хрватска
Јадранското Море, попрецизно крајбрежјето на Далмација стана главна европска дестинација за туристите. Варовитите карпи, ветуваат вистински незаборавни погледи и искуство.

Област Ексума, Бахамите
Областа е составена од 636 мали острови, каде што водата и брегот досега се задржани од човечка рака (во голема мера). Таму има ексклузивни одморалишта и вили за богатите и славните, но сепак би можело да се најде и некое убаво местенце за нас нормалните  🙂 .

Езеро Тахо, Калифорнија
Водниот базен во планините Сиера Невада е највисокото планинско езеро во САД. Тоа е формирано пред 2 милиони години, за време на ледената доба и особено е позната дестинација за луѓето од Калифорнија и Невада.

Ханаума Беј, Хаваи
Често нарекувана плажа парк, Ханаума Беј всушност е природен резерват. Неговата проѕирна вода го прави претпочитано место за нуркачите.

Островот Ко Фи Фи Дон, Тајланд
Луѓе од целиот свет патуваат да го видат прекрасниот остров (најголемиот од островите Фи Фи), иако до него се стигнува само со ферибот. Не е важно дека редиците за билети се долги. Глетката вреди!

Коментирај