Тој е побогат и од Бил Гејтс: Ова е првата личност во светот со богатство над 100 милијарди долари

0
247

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос ја предводи годишната ранг-листа на милијардери, која ја изготвува списанието „Форбс“.

Со личен имот од 112 милијарди долари, Безос стана првата личност во светот со богатство поголемо од 100 милијарди долари. Тој ја подобри својата имотна состојба за 39 милијарди долари во споредба со претходните години.

Џеф Безос е исто така сопственик на весникот „Вашингтон пост” и авионската компанија Блу ориџин.

Втор на листата е основачот на Мајкрософт Бил Гејтс со 90 милијарди долари, а трет е инвеститорот Ворен Бафет со 84 милијарди долари.

Најбогатиот Европеец е четвртопласираниот Французин Бернар Арно, кој ги поседува брендовите „Луј Витон“ и „Сефора“.

Американците се најмногу застапени на листата од 2.208 милијардери од 72 земји. Меѓу првите десет се и сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг и  браќата индустријалци Чарлс и Дејвид Кох.

Американскиот претседател Доналд Трамп падна од 544. на 766. место, откако неговото богатство се намали за 400 милиони долари и сега изнесува 7,1 милијарда долари.

Споредено со минатата година, 121 лице испаднаа од листата, но на неа, по првпат се најдоа 259 милијардери.

Вкупното богатство на сите милијардери на листата е 9,1 трилиони долари, во просек по 4,1 милијарда долари по човек, што, според „Форбс“, е нов рекорд.

Коментирај