Тодор Петров: ВНАТРЕШНИТЕ КВИСЛИНЗИ ОДРАБОТИЈА ЗА ГРЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ

0
230

Љубомир Данаилов Фрчкоски е експонент на СДСМ, на власта … Љубомир Данаилов Фрчкоски за порталот Слободна Европа на 10 февруари 2019 година вели: „Заев и Димитров досега не смееја да зборуваат за многу детали од договорот затоа што ќе му направеа проблеми на Ципрас во Грција ќе му отежнеа да го протурка договорот пред грчката јавност. Но, она што мене многу ме нервира е што идиотите од нашата десница не успеаја да видат или не сакаа да видат дека ние извојувавме историска победа врз терминот МАКЕДОНЦИ, затоа што само ние користиме во меѓународна политика термин МАКЕДОНЦИ додека Грците тој термин го користат интерно. Па, така, во светска употреба ќе има само едни МАКЕДОНЦИ а тоа сме ние. И Грците тоа ни го подарија на тацна, за првпат во историјата и тоа за нас е огромен триумф! Тоа нашата кретенска опозиција не успеа да го види, но грчката опозиција го виде тоа и со право се лути и вреска по Ципрас.“

Така де, спасителот Фрчкоски и идиотите од нашата десница, кретенската опозиција …

Арно ама, да се потсетиме, истиот тој Љубомир Данаилов Фрчкоски во 2005 година, при расправата за државното име Македонија велеше: „Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во Обединетите Нации под уставното име.“ Според толкувањата на Фрчкоски на Привремената согласност од 13 септември 1995 година, „Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот – што, всушност, е и грчката тактика.“ Фрчкоски смета дека „во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно.“ Според негови оцени, „Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа!“

Е тоа е Љубомир Данаилов Фрчкоски 2005-2019 за името … од велепредавство до домашен квислинг по сопствено убедување … Штета што такви велепредавници слободно шетаат и го трујат просторот и народот …

Пишува: Тодор Петров на Фејсбук

Коментирај