Тодор Пендаров за Бранко Героски: Тој е најголемиот лукративен демократ, сончоглед и упикувач

0
479

Малиот и небитен Гоце го растури големиот демoкрат и професинaлец другарот Геро, напиша колумнистот Тодор Пендаров во својата Фејсбук објава.

Фејсбук објавата ја пренесуваме интегрално:

Го читам Гоце Михајловски („Малиот“, јас така го викам а понекогаш знам да му речам дека главата му е само за шишање) кој во својот напис „Извини Геровски, не беше морално ама си го бараше“ и морам да признаам дека „Малиов“ на мојата дребност и на неговата „величина“ Другарот Геро, најголемиот лукративен демократ, сончоглед, упикувач, (дебармалски сленг) и така натаму, ни одржа еден „шнел курс“ за тоа што е истражувачко новинарство. Ајде занемарете ја мојата дребност, ама замислете од другата страна ја имате една балканска фолклорна новинарска величина како што е другарот Геро кој патем се фали дека има „тапија“ за обучувач на новинари и кој напишал еден или два учебници по новинарство. Нема да прераскажувам што напишал Гоце, патем можете да си прочитате ама другарот Геро во својот одговор повторно се потврди како класичен ортодоксен пропагандист од маштапот на Коба (тоа е револуционерното име на Сталин). Бидејќи нема аргументи сега овој сончоглед се обидува со внесување на други личности да ги замагли цврстите аргументи на Михајлоски. Па така не потсетува дека во „Комунист“ тој работел, кога уредник бил Ристо Лазаров, па таму пишувале Фрчковски покојниот професор Евгениј Димитров, и други и дека македонското издание на „Комунист“ било по демократско и по професионално од НИП „Нова Македонија“ која под водство на Колемишевски била бастион на конзервативното крило на СКМ. Па што со тоа. Гоце не дебатира со овие личности туку со еден од најголемите новинарски сончогледи. Ама овој сончоглед изгледа заборава дека до доаѓањето на Петар Гошев на чело на СКМ македонските комунисти доста послушно го следеа Белград а за македонското издание на „Комунист“ сепак не би сакал да зборувам. И види го сончогледов, од либералниот и професионален „Комунист“ опа скок во Вечер односно во НИП-от каде што директорува Колемишевски? Гоце само малку „чепна“ од написите на Геро во време на како што вели тој „валканата војна“ од 2001 година. Би било интересно да се види неговото другарување со другарката Мирка и како заедно не бранеа од „албанскиот иредентизам“. Патем овој голем демократ никогаш нема збор речено дека со Уставот од 1991 година на Албанците им беа најблаго речено стеснати нивните права кои ги имаа со уставот од 1974 година. Ама ајде да ја видиме сегашноста. Само погледнете ги неговите „демократски и професионални“ коментари“ кои се на ниво на „славопојки“ веќе на моменти стануваат и дегутантни. Ама да не ве изненадува. Семејството Геровски беше вмешано и во онаа позната афера „Фабрика“ во која група новинари создаваа фејк вести, и „славопојки“ за владата на Бучковски. Интересен е фактот дека во таа „Фабрика“ работеа многу новинари кои потоа од лукративни причини отидоа на едната или другата страна (демократи и патриоти). На пример бившиот портпарол на МВР и актуелен шеф на комуникацискиот центар на ВМРО беше дел од овој тим. Ама тоа е нашата медиумска и новинарска реалност која ете успева да преживее цели 26 години. Па затоа немојте да се чудите зошто овој сончоглед кој како во старите добри времиња на СК се обидува неуспешно со најгруби дисквалификации и лаги да врши диференцијација на секого кој не мисли како него. Ама сепак сум убеден дека и на нему како и на Мирка, Латас и некои други од истиот маштап полека но сигурно им поминува времето.

п.с

деновиве повторно на социјалните мрежи беше објавен незаконскиот лепен сечен телефонски разговор на другарот Геро со професорот Фрчковски во кој јасно се слуша и за хонорари и за „напатствија„ како да пишува оовој сончоглед. Па имам едно прашање до другарот Геро ама знам дека нема да добијам одговор. Имено дали има и други сечени, лепени, монтирани и незаконско снимени разговори во кој овој „демократ“ и првоборец за слободата е главна личност

Коментирај