Точно четири години до следниот Мундијал: Еве како изгледаат стадионите во Катар (ФОТО)

0
351

До почетокот на следното Светско првенство во Катар остануваат уште точно четири години.

За разлика од сите досегашни 22-то издание на СП ќе се игра во доцна есена од 21 ноември до 18 декември 2022 година, со цел да се избегнат високите температури во Катар.

Прво се разгледуваше можноста да се игра на 12 стадиони, па тој број беше намален на девет, за на крајот да се донесе конечна одлука Мундијалот да се организира на осум стадиони.

Сите стадиони ќе бидат сместени на растојание од само 55 километри, колку што треба да се отпатува од Ал Бајт до стадинот Ал Вакрај, кои се меѓусебно најраздалечини.

Ал Вакрах – капацитет од 40.000 гледачи (би требало да биде завршен наредната година)

Ал Бајт – капацитет од 60.000 гледачи (би требало да биде отворен до Нова година)

Ал Рајан – капацитет од 40.000 гледачи

Стадион Едукатион Сити – капацитет од 40.000 гледачи

Ал Туман – капацитет од 40.000 гледачи (После Мундијалот капацитетот ќе му биде намален на 20.000 гледачи, би требало да биде завршен до 2020 година)

Стадион Рас Абу Абуд – капацитет од 40.000 гледачи (би требало да биде готово до 2020 година)

Стадион Лусали – капацитет од 80.000 гледачи (би требало да биде готов до 2020 година)

Стадион Калифа – капацитет од 40.000 гледачи (Ова е единствениот стадион кој не е изграден од „нула“)

Извор: sportski.mk

Коментирај