Тоа се тие двојни стандарди: Дали министерката Ангеловска ќе бара разрешување на директорката на УЈП, Лукаревска?

0
899

Ќе побара ли министерката за финансии Нина Ангеловска разрешување на директорката на УЈП, Сања Лукаревска?

Ова прашање е многу легитимно да се постави откако техничкиот премиер Оливер Спасовски, поради недодавањето на придавката Северна во МТСП, побара разрешување на министерката Мизрахи.

Ако Ангеловска ја отвори Фејсбук страницата на УЈП, ќе види дека ниту првиот човек на Управата, Лукаревска, не ја додава придавката Северна.

На сајтот јасно си е наведено: Управа за јавни приходи на Република Македонија. Нема Северна.

Ако Ангеловска не се придружува на остатокот од СДСМ и ако за неа нема двојни стандарди, таа итно треба да побара разрешување на директорката на УЈП.

Затоа што, нели, за СДСМ е најважно да не се навреди Грција, а најголем грев на функционер, според нив е да не се додаде Северна.

Коментирај