„Титаник”: СЈО презентира телефонски разговори обезбедени од новинар на незаконски криминален начин

0
309

Овие снимки не можат да бидат доказ ниту во оваа, ниту во било која друга постапка, рече адвокатот Петар Василев.

Во Кривичниот суд денеска за случајот „Титаник”, Специјалното јавно обвинителство презентираше телефонски разговори прибавени од новинар, кој на незаконски, криминален начин, лажно се претставувал на соговорниците, членови на ВМРО-ДПМНЕ. Според одбраната, станува збор за доказ обезбеден од страна на новинар, јавно објавен, незаконски прибавен и изнуден со лажно претставување, при што бил прекршен членот 12 од кривичната постапка.

Изведување на вакви докази не е во надлежност на ова обвинителство и затоа не смее да го изведе во оваа судска постапка. Овие снимки не можат да бидат доказ ниту во оваа, ниту во било која друга постапка. Затоа бараме од судот да не дозволува изведување на овие докази и нивните содржини да не ги зема предвид, рече адвокатот Петар Василев.

Лажното претставување е опфатено во членот 391 од ЗКП – Тој којшто со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Со казната од став 1 ќе се казни и тој којшто ќе изврши дејство што е овластено да ги изврши само определено службено или воено лице.

krivichen-zakon-chlen-392

Во судницата се случи и уште еден преседан. Спротивно на законот за судска постапка, се пуштаа разговори на странски јазик, односно бугарски. Во судницата реагираа адвокатите и обвинетите, како и новинарите, и бараа од советот да каже со која цел се пушта разговор на бугарски јазик, без превод.

Инаку, во телефонските разговори јавноста можеше да чуе дека лицата на кои им се јавувала новинарката, и без политичко агитирање биле убедени во политиките и работата на ВМРО-ДПМНЕ и неколку години наназад гласаат за таа партија. Еден од соговорниците предизвика и смеа во судницата, која на духовит начин објасни зошто ќе гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

И да не ми кажете вие или внуката, јас ќе си гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Претходните само лажеа, затвораа фабрики и бркаа луѓе од работа. Дојде прав Македонец, кој ја води државата напред, што има внуката да ме убедува. Дури и таа да не сака да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе ја искарам и тоа убаво, одговори жената во телефонскиот разговор.

Извор:republika.mk

Коментирај