Тилевски: Инвестиции во повеќенаменски детски и спортски игралишта во приградските средини

0
227

Инвестициите во спортот и создавањето услови за спортување и правилен физички развој постојано се докажуваат како највредни инвестиции, изјави Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Во таа насока Тилевски денеска најави дека доколку ја добие довербата на граѓаните на престојните локални избори ќе реализира проект за изградба на детски и спортски игралишта на повеќе приградски локации меѓу кои: спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани, спортско и детско игралиште во Долно Коњско, реконструкција на постојното спортско игралиште во Пештани со изградба на трибински простор, како и осветлување според најсовремени стандарди, балон-сала и повеќенаменско спортско игралиште во Урбана заедница „Железничка“.

Коментирај