Тиквички со шунка и кашкавал

0
1523

Состојки:
– 1 тиквичка
– 100 гр. кашкавал
– 2 лажици соја сос
– сол
– црн бибер
– босилек
– 100 гр. шунка
– масло

Подготовка:

Тиквичката измијте ја и исечетеја на тенки ленти со нож за лупење на компири. Маринирајте ја со соја сосот, црниот бибер, босилокот, малку сол и оставете ја за кратко.

Кашкавалот исечете го на ленти, шунката исто така со иста ширина како на тиквичката.

На секоја лента од тиквичката ставете лента шунка па лента кашкавал. Намотајте ролни и прицврстете ги со чепкалки за заби. Наредете ги ролните во тава подмачкана со масло и печете на загреана рерна 15 минути на 180 степени.

Извадете ги и врз секоја ролна посипете рендан кашкавал. Вратете ги ролните повторно во рерната се додека добијат златно- жолта боја.

На здравје!

Коментирај