Тиква – најдобар есенски избор за здравје и убавина

0
77

Потеклото на тиквата не е јасно дефинирано: едни говорат дека е од Африка или Азија, а други пак дека таа потекнува од Централна Америка. Сепак, како и да е –  тиквата е одличен есенски избор за здравје и убавина.

Тиквата има помала количина белковини, јаглени хидрати и масти, но огромно количество на витамини и провитамини А, Ц, Е и К, потоа витамини од групата Б и тоа Б1, Б2 и Б6 потоа ниацин, фолна киселина, калиум, фосфор, калциум и железо.

Таа содржи само 26 калории на 100 грама, а нејзините семки содржат 467 калории.

Денеска се знае дека бета каротенот со кој изболува тиквата има одлично влијание на нашето здравје и убавина. Тој го блокира дејството на слободните радикали и директно го спречува оштетувањето на клеточната ДНК структура, делувајќи како моќен антиоксидант. Превентивно се користи бидејќи го намалува ризикот од појава на рак на грлото, желудникот и матката.

Во традиционалната медицина, плодот на тиквата се користи како диуретик, а помага и против воспаление на јајниците, реума и воспаление на бубрезити.

Маслото од семки од тиква содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, К и минерали како калциум, магнезиум, цинк. Содржи и повеќе од 60% незаситени масни киселини и богато е со белковини. Освен тоа е богато и со омега 3 и 6 масни киселини кои ја зголемуваат енергијата во организмот, го регулираат нивото на холестеролот, го подобруваат здравјето на репродуктивните органи и даваат убав изглед на кожата.

Извор: СкопјеИнфо

Коментирај