Тибетанска гимнастика за подмладување на цело тело

0
97

Оваа интересна утринска гимнастика која трае само 5 минути, е доволна за секој ден да се чувствувате се подобро…

Лесна и едноставна, тибетанската гимнастика се изведува во кревет веднаш откако ќе се разбудите – по можност што порано.
Може да ја прават сите луѓе без разлика на возраста, а најмогу се препорачува на повозрасните личности кои сакаат да изгледаат помладо и посвежо. Оваа вежба се практикува во 8 чекори со пресирање на топлина на телото.

Прочитајте како тоа го прават тибетанците…

1. Раце
Прво започнете со протривање на дланките се додека не станат топли. На овој начин може да ја проверите и вашата биоенергија- жешките раце се знак дека се е во ред, топлите или пак средно топлите се знак дека енергијата се намалила, а ладните пак раце се знак на некој одреден проблем во организомот.

2. Очи
Жешките раце поставете ги на очи и полека притискате – 30 пати по една секунда. По притискањето задржете ги на очи околку 30 минути. Доколку страдате од видот и носите очила, може да ги оставите жешките раце и до 2 минути на очи. Тибетанците тврдат дека со оваа вежба и практикување на истата редовно, видот може значително да се подобри.

3. Уши
Рацете поставете ги на уши и притискајте 30 пати по 30 секунди. Во случај на болка не запирајте бидејќи болката ќе помине. Болката е знак на некоја инфекција или нешто што не е во ред во телото. Ако се работи за инфекција тоа со време ќе помине, а ако имате проблем со слухот истата вежба може да ја подобри состојбата ако се практикува секојденвно. За 6 месеци може да го поправите било кој проблем – за поголемо заболување на ушите потребно е 2 години практика, велат стручните лице.

4. Лице
Поставете ги палците позади уши и стегнете тупаница. Со помош на зглобовите поченете да го масирате лицето од брадата кон ушите- 30 пати. На овој начин се ситимулира циркулацијата на лицето, лимфниот крвоток, па со самото тоа кожата на лицето се затегнува.

5. Чело
Поставете ја десната дланка на чело, а преку неа левата рака. Масирајте го челото со кружни движења во правец на стрелките на часовникот околку 30 пати. На овој начин ја активирате хипофизата и ја подобрувате работата на синусите.

6. Глава
Поставете ја десната дланка над главата а преку неа левата ( како да сакате да се заштитете од дожд) и започнете со напред- назад движења 30 пати, а потоа и лево-десно. Оваа вежба го балансира притисокот, ги зацврстува рамената, ги зацврстува рацете и влијае на париеталниот дел од главата .

7. Стомак
Поставете ги двете раце на стомак така што левата ќе биде на десно и ќе масирате со кружни движења 30 пати во правец на стрелките на часовникот. Оваа вежба помага при запек и проблеми со органите во стомакот.

8. Вежба за раце и нозе
Подигнете ги нозете колку што можете високо и движете ги стапалата 30 пати исто време вртејќи ги и зглобовите на рацате 30 пати. На крај протресете ги рацете и нозете.

Со практикување на овие вежби ќе ги подобрите енергетските канали во телото и циркулацијата во капиларите.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај