Тестот со сината птица ќе ви покаже како се справувате со тешкотиите во животот

0
521

Тестот со сината птица ќе ви покаже како се справувате со тешкотиите во вашиот животот.
Низ вашиот прозорец  долетува сина птица во вашата соба и се заглавува во вашите предмети. Нешто ве привлекува во неа и вие одлучувате да ја задржите кај себе. За ваше најголемо изненадување, следниот ден птицата ја сменува бојата во жолта! Оваа необична птица ја менува бојата секоја ноќ – наутро на третиот ден таа е црвена, а на четвртиот ден станува апсолутно црна.

Која боја ќе ја има птицата кога ќе се разбудите на петтиот ден?

Изберете еден од одговорите:

• Птицата не ја менува повеќе бојата и останува црна.
• Птицата ја враќа својата првична боја и станува сина.
• Птицата станува бела.
• Птицата станува златна.

Птицата која влегува низ прозорецот на вашата соба, е симбол на среќа. Одговорот што ќе го дадете покажува како реагирате на тешкотиите и на несигурностите во реалниот живот.

• Црна птица
Оние кои рекле дека птицата останува црна, гледаат песимистички на животот. Овие личности мислат дека штом еднаш ситуацијата е влошена, таа никогаш повторно нема да се нормализира. Можеби е потребно да почнете да мислите во друга насока: ако сè е толку лошо, полошо веќе не може да биде. Запомнете дека нема дожд, кој не запира, и нема ноќ, по која да не настапило утрото.

• Сина птица
Оние кои рекле дека птицата станала повторно сина, се практични оптимисти.
Вие верувате во тоа дека животот е мешавина од убаво и лошо и дека не вреди човек да се бори со оваа реалност. Вие мирно ги прифаќате неприликите  и дозволувате на работите да одат по ред без непотребен стрес. Овој поглед на животот ви овозможува стоечки да ги поднесете ветровите  од животот и да не им дозволите да ве однесат.

• Бела птица
Оние кои рекле дека птицата станала бела, под притисок се однесуваат мирно и решително.
Овие личности не губат време за немири и неодлучност, дури и кога ситуацијата станува кризна. Ако ситуацијата станува премногу лоша тие навреме го завршуваат непрофитабилниот потфат и бараат друг пат кон својата цел, за да не заглават во непотребна мака.

• Златна птица
Оние кои рекле дека птицата станала златна, можат да бидат опишани со зборот „бестрашни“. Вие не знаете што е притисок. За Вас секоја криза е поволна можност. Можат да ве споредат со Наполеон, кој рекол: „… Невозможно – тоа не е француски збор“. Но, бидете внимателни, не давајте и на својата безгранична доверба да ве совлада. Границата помеѓу храброста и непромисленоста е многу тенка.

loading...

Коментирај