Тест: Што забележавте најпрво на сликата?

0
377

Череп
Може да се каже дека сте со слободен дух, доста сте емотивни и силни. Черепот
многумина го поврзуваат со смртта или нешто лошо, но во овој случај тоа не е
така. Тој покажува дека сте храбри и мудри и ги имате сите можности за да бидете добар лидер. Вие знаете како да преживеете во тешки моменти и од нив да си извлечете поука. Вие сте свесни дека еден ден сите ќе умреме. Поради тоа исклучително го цените животот и духовниот развој. Понекогаш сакате сами да го поминете вашето време и да не го трошите залудно со празни средби и разговори.

Жена пред огледало
Вие сте романтична душа, која малку живее во облаците. Често пати сонувате и имате силно изразена креативност. Понекогаш немате доволно самодоверба и сте мрачни, односно ги паметите лошите работи во животот, а ги заборавате убавите. Имате честа потреба да анализирате сè околу себеси.
Љубители сте на уметноста и сè што е убаво. За вас нема грди работи, бидејќи во сè
гледате нешто симпатично. Свесни сте во каков свет живеете и затоа често сонувате убави ситуации и сакате навистина да доживеете прекрасен живот.

Коментирај