ТЕСТ: ШТО ЗАБЕЛЕЖАВТЕ НАЈПРВО НА СЛИКАТА?

0
1908

Пред вас е една интересна слика која има неколку слики во себе. Погледајте ја неколку секунди. Што забележавте најпрво на сликата? Еве што покажува тоа за вас:

Гулаб
Како што знаете, гулабот е птицата на мирот и надежта. За вас може да се каже дека сте човек со чиста душа. Во сè гледате светлина и успевате да вдахнете надеж и на луѓето околу вас. Материјалното не ве возбудува, бидејќи сте поврзани со светот на необичен начин.

Пеперутка
Пеперутката претставува убавина и задоволство. Знаете дека животот е краток и затоа и го цените секој момент. Не сакате да ви биде здодевно. Носите убава душа која секогаш секого го привлекува.

Орел
Орелот е птица со слободен дух. Вие сте личност која постојано бара авантури и „лета“ високо над сите, бидејќи знаете дека го заслужувате тоа. Силни сте и горди. Со леснотија ги  гледате работите кои другите не можат да ги забележат. За вас слободата е многу важна. Моќта и независноста на вашата личност, од една страна ги привлекува луѓето, но од друга ги одбива.

Куче
Кучето е симбол на лојалноста и семејството. Вие сте несебични, кога станува збор за најблиските. Се стремите  да ги направите среќни луѓето покрај себе и тие да можат да се потпрат на вас во секое време. Градите чувство на сигурност. Во себе носите многу љубов и среќа.

Волк
Иако волкот се поврзува со осаменоста, тој почесто избира да живее во глутница. Ако волкот е првото што сте го откриле во сликата, тоа значи дека многу добро го избирате социјалниот круг во кој се движите. Вие сте пребирливи кон луѓето, тешко ги пуштате до себе, бидејќи го цените своето време. Во душата си носите мудрост и спокојство. Иако изгледате силни сепак понекогаш имате потреба од тоа да се почувствувате заштитени.

Богомолка
Во многу култури богомолка се смета за свето животно. Ако ова е првото нешто што го видовте на сликата тоа значи дека често сакате да останувате сами со себе. За вас е важно да учите и да се развивате. Внимателно ги избирате вашите соговорници. Избегнувате собирање на многу луѓе на едно место и преферирате да контактирате со мал број на личности. Интелигентни сте и сочувствителни.

Коментирај