Тест- изберете си јаболко

0
403

Секој избор кој го правиме секојдневно го одразува нашиот внатрешен свет, нашиот став кон луѓето и нашиот став кон животот воопшто.

Кое јаболко би го одбрале?

Број 1. Вие сте искрен и чесен човек. Никогаш не ја прикривате вистината, каква и да е таа. Во секоја ситуација останувате верни на себе, цврсто стоите на нозе, без да се плашите од подеми и падови. Вашиот живот е стабилен и ритмичен.

Број 2. Вие сте забавен и енергичен човек. Секогаш сте подготвени за авантура. Сè што е оригинално и импресивно носи голема радост во вашиот живот.

Број 3. Вие сте интересен човек – така мислат сите околу вас. За вас својствени се оптимизмот и имагинацијата. Умеете во обичните нешта да ги најдете убавите работи. Токму тоа ги привлекува луѓето кон вас.

Број 4. Вие сте како карпа на која секој може да се потпре. Резервирани сте, но не и срамежливи. Повеќе слушате отколку што зборувате.

Број 5. Зборот кој ви одговара е радост. Според вас животот е убав и токму во тоа е неговата фасцинација. Вие сами ја креирате убавина. Ја цените секоја минута и секогаш сте позитивни и се смеете.

Број 6. Имате бистар ум и брзи реакции. Вие сте духовити и остроумни. Иако не сте премногу дружељубиви, вие сте забавни и интелигентни така што вие сте центарот на вниманието во друштвото иако не го сакате тоа.

Коментирај