Тешка сообраќајка на патот Кичево-Битола: Едно лице загина, жена повредена

0
511

Сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а друго е повредено се случила вчера околу 15:15 часот на регионалниот пат Кичево – Битола, кај село Видрани.

Од МВР информираат дека несреќата се случила меѓу патничко моторно возило „Југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.П.(54) од село Козица, кичевско и патничко моторно возило „Лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.П.(69) од село Другово.

–По незгодата К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од возилото „Лада“ Р.П.(68) од село Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Коментирај