Тешка сообраќајка на автопатот пред Скопје – Три лица повредени

0
618

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот пред влезот на Скопје. Според првичните информации од очевидци, под засега нејасни околности вечерва се судриле две возила. Во сообраќајката се повредени две лица и пешак, јави Прес24.

На местото на несреќата има голем број на припадници на полиција и екипи на Брза помош. Од МВР ја потврдиле информацијата и најавувиле повеќе детали за подоцна.

Полицијата врши увид, а моментално сообраќајот е во прекин. Повредените се пренесени во болница со возило на Итна помош.

Коментирај