Тешка сообраќајка кај Калиманци, едно лице го загуби животот

0
381

Триесет годишен кочанец го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 15,50 часот се случила на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“.

Од полицијата информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15:50 до 18:40 часот сообраќајот бил во прекин.

Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: kurir.mk

Фото: Илустрација

Коментирај