Тешка кражба во битолскиот театар

0
583

Шеесет и две годишниот битолчанец Л.А. вчера утрината пријавил дека во периодот од 21.45 часот на 25-ти до 09.45 часот следниот ден извршена била тешка кражба во просторија, т.н. „Реквизита“, сопственост на Национална Установа-Народен Театар-Битола, лоцирана во Спомен домот на културата-Битола на ул.„Широк сокак“.

-Сторителот без оштетување ја отклучил вратата од просторијата, влегол во просторијата лево од влезната врата и со употреба на физичка сила го скршил цилиндерот од вратата, влегол и од рафтовите одзел една ловна пушка од постар тип (отстапена од СВР-Битола за потребите на театарот), шест сигнални-плашливци пиштоли, едно пакување со 50 маневарски куршуми и шет до седум куршуми кои не биле во пакувањето, информираат од полицијата.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коментирај