Терористички напади во Иран: Напаѓачите убиваат и држат заложници во Парламентот

0
306

Во напад во иранскиот Парламент убиен е чувар, а има и повредени, јавуваат западните медиуми, додавајќи дека нападот се уште трае, додека иранските медиуми јавуваат оти напаѓачите држат заложници.

Според последните информации кои ги пренесуваат иранските државни медиуми, вооружени напаѓачите отвориле оган во парламентот во Техеран при тоа убивајќи еден член на обезбедувањето. Според нив, ранет е уште еден член на обезбедувањето и седум цивили.

Според досегашните непотврдени информации, се работи за најмалку тројца вооружени напаѓачи кои упаднале во иранскиот парламент и почнале да пукаат.

Пред зградата на парламентот моментно има огромен број полицајци и специјалци, а во околината се собрале и голем број луѓе.

Медиумите јавуваат и за втор напад во мавзолејот на поранешниот лидер, Ајатолах Рухолах Хомеини. Иранската државна телевизија објави дека нападот бил извршен од четворица терористи, вклучувајќи и бомбаши-самоубијци.

Коментирај