Тепачка на нудистичка плажа: Не сакаат да се соблечат, а сакаат да гледаат голи жени

0
1101

Голема тепачка избила на нудистичка плажа во Франција откако група машки тинејџери одбила да се соблече и едноставно зјапале во голите тела на плажата.

Групата тинејџери се појавиле на плажата La Teste-de-Buch во Аркашон, во близина на Бордо и почнале да ги провоцираат капачите на нудистичката плажа.

Очевидците изјавуваат дека тие просто зјапале во голите тела на плажата, а кога им било речено да “се соблечат или да се тргнат од тука“, настанала тепачка.

Нудистите им фрлале песок во очи, а во општата тепачка не се знаело кој е полиција, кои се нудистите, а кој тинејџерите.

Двајца мажи од Бордо се уапсени после тепачката, додека останатите побегнале.

Коментирај