Тензично на завршните зборови на судењето за нападот врз Села

0
596

Тензично на завршните зборови на судското рочиште за нападот на Зијадин Села. Обвинетиот Александар Јаневски – тој што се онесвести во судница кога слушнал дека нема преквалификација за неговото дело. Тој останува обвинет за обид за убиство на пратеникот Села.

Во моментов се чека брза помош. Обвинителството го повлече обвинението за Сашо Сенков додека за обвинетите Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески го преиначи  во насилство.

Од обвинителството велат дека се превземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и можно проширување на обвинението по објавувањето на последната снимка од нападот на Села

Коментирај