Телешки шницли со сос

0
1197

Состојки:
– 500 гр. телешки шницли
– 1 чаша оцет балсамико
– 5 лажици маслиново масло
– 3 лажици мед
– ½ чаша соја сос
– 2 прстофати сол
– 2 прстофати црн бибер
– магдонос
– 2 чешниња лук
– 2 лажици сецкан кромид
– 1 прстофат црвен пипер

Подготовка:
Во сад измешајте ги сите зачини. Во нив ставете ги шницлите. Оставете го месото во сосот цело деноноќие или само во текот на ноќта.
Извадете ги шницлите од сосот. Исцедете ги. Испржете ги шницлите во масло во тава. на средна температура. Во сосот каде што стоело месото ставете малку брашно и мешајте се додека не се згусне сосот. Кога ќе биде готов сосот ставте ги шницлите во него.

На здравје!

 

Коментирај