Телешка шницла со шунка и кашкавал

0
482

Состојки: (за 1 порција)

• 2 тенки шницли од телешко месо (околу 150 гр.)
• 2 тенки парчиња од шунка (околу 50 гр.)
• 1 тенко парче кашкавал
• 1 јајце
• 1 лажица брашно
• 1 лажица лебни трошки
• црн бибер, сол
• масло

Начин на подготвување:
Исчукајте ги двете шницли и ставете им сол и црн бибер. Потоа почнете со редење шницла, шунка, кашкавал, шунка, шницла.
Направете ролат, потопете го  прво во брашното, па во јацето и на крај во лебните трошки.
Пржете од двете страни во загреано масло се додека ролатот не порумени.

 

На здравје!

Коментирај