Телешка чорба

0
1614

Состојки:
– 500 гр. телешко месо
– 1 кромид
– 2 компири
– магдонос
– целер
– 2 моркови
– 2 лажици брашно
– 1 коцка говедска супа
– 1 чаша кисела павлака
– 1 жолчка од јајце
– бибер
– сол

Подготовка:
Кромидот, месото и зеленчукот исечкајте ги на ситни коцки. Пржете го кромидот на малку масло, па додадете го месото, и мешајте додека месото не добие боја. Потоа додадете го зеленчукот и малку вода. Ставете супена коцка, бибер и сол и мешајте. Кога месото ќе биде скоро готово, додадете уште вода и гответе на тивок оган додека зеленчукот и месото не омекнат. На една лажица масло запржете го брашното да добиете запршка. Додадете го во чорбата и гответе уште неколку минути додека смесата не стане густа.

На крај, изматете павлака и жолчка и додадете ги во чорбата, постојано мешајќи. Посипете со сецкан магдонос и послужете.

На здравје!

Коментирај