Тегавец- дар од природата

0
890

Тегавецот е билка која луѓето ја употребуваат уште од најстарите времиња. Се среќава скоро во секој двор затскриена помеѓу другите тревки, по ливадите и во шумите каде што нема дрвја. За да израсне не и се потребни посебни услови. Потребното количество вода го прима од дождовите. За време на сушен период не бара посебно налевање со вода.

Во лекувањето се користат машкиот тегавец кои има долги и тенки листови, како и женскиот тегавец кои има широки листови. Некои тревари мислат дека машкиот тегавец е поделотворен во лекувањето на болести на дишните органи, а женскиот тегавец го препорачуваат за лекување на кожни заболувања.

Во листот на тегавецот се наоѓаат околу 6,5% слузава материја во облик на полисахариди, танини, кумарин ескулетин, флавоноиди (апигенин, лутеолин и скутелареин), повеќе од 1% кременова киселина, од минералите застапени се цинкот и калиумот. Содржи и сапонини кои делуваат хемолитичко и два многу важни иридоидгликозиди аукубин и каталпол. Акубинот има антивирусно, детоксичн, антимикробно и антиинфламаторно дејство, а каталполот има антихипертезивно, антивирусно, антитуморно, хепаропротективно, спазмолитично и антиинфламаторно.

Тегавецот е многу популарна билка за лекување на рани, чиреви, гнојници, апцеси, против жолтица, воспаление на бубрези и мочни патишта, незадржување на мокрача, афти, хемороиди, рак на кожа, чешање, пецкање, воспаление на кожа и посекотини.

Чај или сируп од тегавец се употребува против бронхит, астма, емфизем, грип, туберкулоза, воспаление на уста, грло, стомак, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, крварење на рани, кај каснување од куче, инсекти и змија.

Сируп од тегавец за зајакнување на имунитетот
Сомелете две полни лажици листови на тегавец во блендер со малку вода, додадете 300 грама шеќер, 250 грама мед и варете на тивок оган додека шеќерот не се стопи и сирупот не се згусне. Додека е жежок, сирупот прелејте го во стаклено шишенце. Чувајте го во фрижидер и пијте по една лажица пред секој појадок.

За искашлување, прелејте лажица лист од тегавец со малку жешка вода и пијте една шоља наутро и уште две во текот на денот.

 

Коментирај