Тажната судбина на тренерот: Како мал останал без родители, сакал да стане монах, но се посветил на децата

0
118

Главниот тренер на тајландскиот фудбалски тим го поминал утрото на 23 јуни припремајќи го својот млад асистент за важна задача: сам да води сметка за децата.

Нопарат Кантавонг, 37- годишен тренер на фубалскиот тим Му Па имал закажано состанок тоа утро. Акапол Чантавонг, негов асистент, требало да ги одведе младите момчиња на тренинг до фудбалското игралиште кое се наоѓа на планината.

„Погрижи се да возиш со велосипедот позади нив за да ги држиш на око“, му напишал и порака на Фејсбук.

„Внимавај“, додал тој.

Напорите за извлекување на момчињата вклучуваат тим од илјадници нуркачи, инженери, воен персонал и волонтери од целиот свет, вклучувајќи го и Илон Маск, милионер кој изградил подморници за спасување на момчињата.

Многумина го обвинуваат тренерот велејќи дека требал да знае дека е ризично да влегува во пештера пред сезона на монсуните.

Тој пред три години се откажал од животот како монах и се придружил на тимот како помошник тренер, па многумина веруваат дека божја сила го испратила да ги чува децата додека минуваат низ овој тежок период.

Спрема официјалните соопштенија, тој бил најстабилен во групата, и им давал храна на децата и ги учел да медитираат за да ја сочуваат колку што можат повеќе енергијата додека да ги пронајдат.

„Да не бил со нив што би се случило на моето дете?“, рекла една од мајките.

„Кога ќе излезе мора да го излечиме неговото срце, Драг Ак никогаш не би те обвиниле“, рекла друга.

Акапол го изгубил семејството уште како дете. После оваа трагедија заминал во самостан, но сепак се вратил и на крајот целиот свој живот го посветил на тренирањето деца.

Ги сакал децата и ги мотивирал да тренираат, а за секоја добра оценка во училиште им давал награда, фудбалска опрема.

Коментирај