Таткото на еден патник раскажа за Карпалак: Сам го извадив син ми од автобусот, ми се јави на мобилен

0
4184

Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече „не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобусот, ужасно беше. Вака на кусо ја раскажа трагеијата гостиварец, кој својот повреден син го однел во Ургентниот центар во Клиниката „Мајка Тереза“, пренесе 24Инфо.

Неговиот син се ште не беше опериран, требало да му се врши хируршка интервенција во текот на ноќта.

За разлика од него, многу гостиварци кои дојдоа на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски.

Додека повредените со возила на брза помош се упатуваа кон Скопје, многу гостиварци застануваа со своите возила над местото на трагедијата и делот од автопатот кон Скопје.

„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат за Гручин каде беа паркирани возилата на итната помош. Скршената банкина долга неколку метри падната до банкината над бездната сведочи за тоа како се случила несреќата. Автобусот од спротивната лента возејќи кон Гостивар ја пробил ограда, поминал на лентата што води кон Скопје и откако ја скршил и таа банкина паднал во бездната.

Коментирај