Тасевски удри по власта: Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже северна?

0
740

Познатиот македонски актер Сашо Тасевски на јавноста и е веќе познат по тоа како упатува коментари против власта, па така и овој пат удри по владините пиари.

Тој на својот Фејсбук профил по вчерашната победа на Вардар, напиша дека никаде српските коментатори не споменаа Северна Македонија.

Да ги прашам пиарџииве на владата, кои на приватни фејсбук профили, северњачат. Северна ова Северна она… Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже Северна? Малоумни едни, не мора на приватен профил, глупа пропаганда да водите. Нема да ви замери никој ако таму пишете едноставно Македонија – напиша Тасевски на својот Фејсбук.

Потоа на оваа тема додаде дека многу е важно да се има достоинство.

Немојте луѓе! Достоинството е уште поважно да се покаже во победата. Не може да си шампион во Европа и во исто време да си националшовинист. Не може. Неспоиво е. Мочате на големината на оние кои го направија тој спортски подвиг, на оние кои Европа годинава ги запозна како нивни навивачи кои фанатично го бодреа својот клуб. Кои навиваа без да сторат ниту најмал инцидент и кои беа буквално нивниот осми играч кој настапуваше секаде со нив. Вистинските шампионите и нивните навивачи никогаш не се спуштаат на ниво на примитивци и простаци, зашто се под Големото Око на светот. Тие се огледало за непобедливоста и достоинството и на државата од која доаѓаат и на оние кои во неа живеат. Ако таа Македонија создала европски шампион во некој спорт, зошто не би создала шампион и во било што друго. Ако има вакви навивачи кои гинат за тој клуб и притоа ги гледаме на нашите улици во најпозитивно светло на цивилизираност, зошто таа држава и тој народ да ги сметаме за подолни од нас. Така размислува светот соочен со големината на тој шампион. Зошто би скокале во калта, ако сме на кровот на Европа, со примитивни шовинистички постапки. Потурете ги со пепел сите провокатори и мизерни души, кои ве туркаат од тој кров, долу, во калта, со останатите свињи. Нека се удават таму. Ако е некој будала, не мора да го имитирате. Што со тоа ако урлате Клети Шиптари??? Ќе смените нешто на подобро? Ќе ги натерате да се справат со шовинистите од нивниот народ? Нема. Само ги туркате уште подалеку од себе и оние Албанци кои вчера исто навиваа за Вардар и се радуваа кога победи. И провоцирате контра свињарии во оваа мизерна балканска кочина. Наместо тоа, дишете со полни гради. Вардар од кочината ве качи на Мон Блан,напиша Тасевски.

Коментирај