Тасевски: По скандалот со Шекерка, како последен во низата национални предавства, бидете сигурни дека Македонци нема да ве гласаат

0
1170

„Со скандалот на Шеќерка УЧК, како последен во низата национални предавства, можете да бидете сигурни дека Македонци за вас нема да гласаат. Дури ни од ваша партија сите Македонци нема да гласаат за вас. Поточно, вие веќе го знаете тоа, затоа и се надевате само на гласовите на Албанците, што за вас како партија е поразително“.

Фејсбук објава на актерот Сашо Тасевски, кој кратко време беше директор на Драмски театар во времето на СДСМ.

„Не остана ништо од Македонија. Македонците станаа балкански Курди. Народ без држава. Ова треба да е министер за одбрана, а не МИНИСТЕР ЗА РЕЗИЛ. Едно општество за сите, ама без Македонците. Таков е кошмарот наречен Северна Македонија“, нашиша Тасевски на Фејсбук штом на социјалните мрежи почнаа да се шират фотографиите од вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која гордо стои пред знамето на Албанија и симболите на УЧК.

PEBОЛТ И РАЗОЧАРАНОСТ КАЈ НАРОДОТ: Министерке, прашајте ги семејствата на зaгинaтитe и исчезнaтитe, дали 2001 година е зад нас? (КОМЕНТАРИ)

ФОТО: Шеќеринска во Општина Кичево или во штабот на УЧК?

Коментирај