Тасевски: Никој од газдите не ги почитува вашите кобајаги закони и одлуки на терен, па уште помош бараат

0
413

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил напиша објава до властз дека нивните кобајаги закони и одлуки, никој од газдите не ги почитува на терен.

„Одјавуваат масовно луѓе од работа, од фабрики и познати ресторани, на луѓе им стигаат рати за кредити, им ги исклучуваат мобилните за неплатена сметка на пензионери и други, вашите кобајаги закони и одлуки, никој од газдите не ги почитува на терен. Нели забранивте тоа да се прави? Па уште помош бараат. И пак ќе им ја дадете, иако луѓето се на улица. Лажовчини“

Коментирај