Тасевски: Да постои закон во Македонија досега требаше целото министерство за култура да даде оставка

0
466

Во вечерашната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше и актерот Сашо Тасевски кој говореше за скандалот што е актуелен деновиве во врска со делење на субвенции  од страна министерството за култура. Кој потенцира да не се лажеме, и министерот и заменикот министерот многу добро знаеле што се случува, и тоа се случило под голем притисок од луѓето на министерот дури се знае и од која партија.

Да има некој закон во Македонија, некој морал да постои во политичкиот живот треба комплетно министерството, сите со него и комисии да дадат оставки. Една партија министерството за култура си ја смета за своја освоена територија на која што може да прави што сака, да дели како сака. Имаше и изјава дека министерството е тука да поддржува маргинална култура и маргинални уметници оние што не добиле сега да добијат. Што е ова, мислам пазар, нагласи Тасевски.

Според Тасевски министерството за култура мислам дека треба да биде пред се фер и да ја цени уметноста на уметниците и културните работници, а не еден вид на јасли за нечии потреби и интереси.

Коментирај