Тасевски: Со 200 заразени и 8 починати ќе си терате избори, ако бе – Стево, само да те прашам, како е да се биде фикус?

0
1069

СДСМ, не ви пречат изгледа преку 200 заразени денес и осум починати? Ќе си терате избори. АКО БЕ.

СТЕВО, само да те прашам, како е да се биде фикус? Таа функција е изгледа исто заразна. Одма стануваш фикус, штом те изберат – пишува на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Оваа реакција на актерот Тасевски доаѓа откако вчера претседателот Пендаровски реши да не прогласи нова вонредна состојба, сложувајќи се со ставот на Владата дека не е потребна нова вонредна состојба и покрај бројот на новозаразени кој дневно изнесува над стотина, а денес бројката е речиси 200.

Рекорден црн биланс: 196 новозаразени и осум починати за 24 часа

Пендаровски не прогласи нова вонредна состојба, големиот број на заразени не бил важен

Коментирај