Тасева: Груевски не побегна, туку го пуштија – допрва ќе ја видиме зделката (ВИДЕО)

0
1140

Универзитетскиот професор и правен советник, Слаѓана Тасева при синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, рече дека експремиерот Никола Груевски не е бегалец, туку дека му било овозможено слободно да ја напушти земјата.

„Јас мислам дека дури не станува збор за бегство туку дека го пуштија да си оди. Мислам дека тоа е едно сценарио една договорена работа за која допрва ќе ја видиме зделката“ рече Тасева на ТВ21.

Според неа, Груевски е пуштен да замине на безбедно за да може тука да се реализираат некои сценарија, но допрва ќе треба да се види за што конкретно се работи. Најголем индикатор зошто ова го мисли професорката е „прашањето со сметките и вадењето на парите од неговите сметки“

Коментирај