Таравари: СЈО спроведува селективна правда само врз Македонци од една политичка партија

0
296

Парадоксално е да има селективна правда од страна на Специјалното Јавно обвинителство, каде што се обвинуваат само Македонци, истакна градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, во вчерашното гостување во емисијата „Во Центар“, на телевизија Алфа.

Тој смета дека вина треба да се бара и кај Албанците во минатите влади, бидејќи, како што вели, тие не се ангели, а институциите на системот треба да бидат еднакви за сите луѓе, без исклучок кој е тој.

-Мислам дека народот бара свежина, бара нови луѓе, нови лица, значи бара тие што не постапувале како што треба да се казнуваат. Тоа да се види за да понатаму не се повторат. Ако продолжи ваквото селективно казнување само на одредена партија на луѓе, тогаш не сме направиле ништо, додаде Таравари.

Според Таравари, доколку сакаме да функционира правниот систем во Македонија, потребно е да се казнуваат сите кои злоупотребиле одредени бенефиции и позиции, без разлика на функцијата и етничката припадност законите мора да важат подеднакво за сите.

Коментирај