Таравари обвинува: Министерот Адеми назначил директор на гимназијата во Гостивар сред изборна кампања

0
136

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер за здравство од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на својот Фејсбук профил пишува дека министерот за одразование, Арбер Адеми, во екот на изборната кампања за претседател на држава, назначил директор на гимназијата во Гостивар.

-Ниту во времето на Тито, ниту за време на Груевски, директорите не се сменуваа, ниту не се именуваа за време на кампања или за време избори, денеска министерот за образование назначил нов директор во гимназијата во Гостивар. Каква срамота и безличност!, стои на Фејсбук статусот на Таравари.

Arben-Taravari-FB-obvinuvanje

Коментирај