Тајните на 6-те Први дами

0
439

Секоја жена има свои мали тајни и слабости. Но тие можат да бидат проблем, кога целата нација го следи секој твој чекор.
Жаклина Кенеди или како што е повеќе позната како Џеки Кенеди
Во времето кога таа е сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, пушењето е честа појава кај жените. Сепак тоа било навика која општеството не ја одобрувало. Затоа страста на Џеки кон цигарите била внимателно скриена. Дури на фотографите, кои биле тесно поврзани со Белата куќа, им било забрането да ја сликаат како пуши.
Принцезата Дијана
До ден денешен многу луѓе веруваат дека принцезата Дијана, првата сопруга на принцот Чарлс, била совршена. Многу малку се свесни дека оваа прекрасна жена не го бендисувала своето тело и била болна од булимија.
Кралицата Ранија
Ранија е сопругата на јорданскиот крал Абдула II. Таа секогаш изгледа фасцинантно и се однесува според својата положба. Но Ранија има една слабост, која ретко ја споделува пред јавноста. Таа обожава да носи златни чевли украсени со скапоцени камења. Тежината на сличен пар чевли е околу 0,4 кг.
Ненси Реган
Еден од најпознатите долгогодишни советници на 40-тиот претседател на САД, Роналд Реган, била неговата сопруга Ненси. Таа стана уште повеќе посветена на неговата благосостојба по неуспешниот обид за атентат во 1981. Она што малку луѓе го знаат е дека таа се консултирала со астролог пред да му даде совет на претседателот.
Карла Бруни
Карла Бруни е сопругата на 23-тиот претседател на Франција, Никола Саркози. Нивната врска се развива многу брзо – на 17 декември 2007 во францускиот печат излегуваат фотографии на претседателот со Карла. Само 2 недели подоцна, на 2 февруари 2008 година, тие веќе се во брак. Потоа, таа признава дека ја преферира полигамијата наместо традиционалниот брак. Според нејзини интервјуа, Бруни сака да добива внимание од различни мажи во исто време, а љубовта кон одредена личност не траела повеќе од 3 недели.
Бернадет Ширак
Бернадет Ширак, сопругата на поранешниот француски претседател Жак Ширак, сигурно треба да добие медал за трпение. Таа секогаш се држела многу отмено во јавноста. Бернадет направила сè што е можно за да ги прикрие аферите на нејзиниот сопруг. Знаејќи ја неговата страст кон жените, таа долго време се преправала дека ништо не се случува. Сепак, во последниве години нивните семејни тајни излегоа на виделина.

Коментирај