Тага и солзи во домот на Ана Николиќ два дена по големата прослава- „Мојата душа ги склопи очите и замина вечерва“ (ФОТО)

0
343

Само два дена откако пејачката го прослави роденденот на својата ќерка Тара, Ана Николиќ поради смртен случај во семејството морала да ги откаже своите настапи.

Имено бабата на пејачката починала, а Ана во овие моменти е неутешна и најголемата поддршка ја добива од сопругот Раста и братот Марко како и нејзината мајка Милјана.

-Мојата душа…отиде вечерва… и како да чекаше да се заврши…да го прославиме роденденот и крштевката на Тара и добивањето на синот на Марко…А потоа ги склопи очите! Сега е на подобро место. Ти знаеш да во моето срце си моја душа засекогаш…Те сакам бабо, напиша пејачката на својот Инстаграм профил.

Коментирај