Таа ќе биде дадилка на нивното дете: Еве кој ќе живее со Александра и Филип штом пејачката се породи

0
193

Александра Пријовиќ би требало за еден месец да стане мајка и не ја крие среќата што ќе се оствари во улогата на родител.

Пејачката има страв од породувањето и првите денови со бебето, поради што донела одлука нејзината мајка Борка Михајловиќ да се всели кај нив, барем на некое време.

Иако во медиумите се пишуваше дека Филип полудел поради таа нејзина одлука и не сакал да слушне мајка и на Александра да се всели кај нив, изгледа на крај попуштил.

Тоа го потврдила и Борка.

-Александра и Филип долго размислуваа за тоа кого да најмат и што да прават по тоа прашање, бидејќи сепак тоа не е мала работа, а во ова време и не знаеш на кого да му вервуваш. Јас им предложив да дојдам и бидам крај Александра додека не закрепне, а во исто време да се грижам за својот внук, раскажала Борка и заклучила: „Кој подобро ќе го прави тоа од мене, па јас сум му баба“.

Коментирај