Свиркачи објавија документи: Како Анѓушев ја користи позицијата вицепремиер и ја рекетира ФЕНИ

0
313

Ова што власта го прави ги поминува сите граници. Заев, Анѓушев и неколку луѓе околу нив немаат никаква одговорност кон државата, се што прават – прават за лични цели, обвинува порталот justpaste.it.

Нивните документи, како што велат, се вистината за тоа како работи оваа недемократска влада, за која нема државни приоритети, туку само личен интерес. Функциите министер за овие ликови се само извор на моќ, потребна за зголемување на нивното салдо.

-Ова е договор помеѓу ЕДС на Кочо Анѓушев и ФЕНИ индустри која е сега е во стечај. Договор со кој ФЕНИ потврдува дека чека исплата на ДДВ од државата, а се обврзува сите потребни документи да и ги достави на ЕДС на Анѓушев која ќе има право на првенствено намирување. Ова е класичен рекет и користење на државната позиција за сопствени лукративни цели. Анѓушев побарува од ФЕНИ исплата на ДДВ кој тој од позиција на држава треба да го исплати на ФЕНИ, наместо за вработените за плати, материјали за продолжување на работата на комбинатот или намирување на сите доверители подеднакво да заврши за покривање на долгот на неговата ЕДС, пишува порталот.

Овој договор и повеќе документи кои свиркачи ги објавија и се доказ за злоупотреба на функции, погледнете ги ТУКА

Коментирај