СВЕТСКА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА ОД СОСЕДСТВОТО: Христо Стоичков зборува за добрите и лошите страни во животот

0
192

Легендата на бугарскиот фудбал, Христо Стоичков изјави дека е тешко човек да се искачи до врвот, но е уште потешко да се задржиш на него.

Најлесно е да паднеш, додаде фудбалерот.

“Првата пречка во животот ми беше кога се појавија луѓе кои ми рекоа дека нема да можам да играм фудбал. Тие се обидоа да го убијат мојот детски сон. Ако не станев фудбалер, можеби ќе бев атлетичар, рече Стоичков.

Според зборовите на фудбалерот во напнати ситуации нема место за загриженост. Тој изјави дека отсекогаш бил убеден оти зад него стои целиот тим, кој се потпира на него.

“Тоа е долг, кој морам да ги исполнам. Треба да бидам максимално концентриран, за да биде награден трудот на моите колеги”, рече Стоичков.

Според него, ситуацијата во земјата не може да се спореди со онаа која била пред повеќе години. Според неговите зборови во минатото се бележи огромен успех во целата спортска сфера, а не само во фудбалот, благодарение на редот и дисциплината.

“Сега немаме стратегија за иднината”, мисли Стоичков.

“Имам вина дека не успеав да го квалификувам тимот за Светското првенство. Тогаш решив дека е време да ја затворам оваа страница и да се повлечам”, изјави фудбалската легенда.

Коментирај