Светот ѝ се смее на Македонија: Катастрофата на Заев вест во познатите медиуми (ФОТО)

0
1372

Скандалот со руските пранксери и премиерот Зоран Заев го обиколи светот, па така сите најпознати светски медиуми пишуваат за овој наста.

Во разговорот на Заев со „Столтенберг“ и „Порошенко“, македонскиот премиер разоткрива државни тајни на неколку земји сојузнички, отворено ги напаѓа Турција и Русија, нуди мито за Вселенскиот патријарх и говори низа други скандалозни работи.

Наивноста на македонскиот премиер ја посрамоти Македонија, а медиуми ширум светот пишуваат за тоа.

Па така Франспрес пишува: Руско комедијантско дуо го измаме премиерот на Северна Македонија.

-Двајца руски шегаџии, познати по телефонските разговори, го измамија премиерот на Северна Македонија, кој се чини дека се согласил да плати поткуп и ја обвини Русија дека има “многу шпиони” на Балканот, пишува таму.

Балканинсајт пишува: Измамениот премиер на Северна Македонија ја брани својата наивност.

„Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, рече дека нема намера да поднесе оставка откако беше мета на омилените руски комичари кои се претставија како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг“.

АФП  пак пишува: Руско комедијантско дуо го измами премиерот на Северна Македонија.

Селдон Њуз пренесува:  Кузнецов Владимир и Лексус го убедија премиерот на Македонија да го поткупи  Вартоломеј.

-Руските шегаџии Кузнецов Владимир (Кузнецов Владимир) и Лексус (Алексеј Стојаров) објавија дека во име на поранешниот украински претседател Петро Порошенко го измамија шефот на владата Северна Македонија Заев Зоран за да го поткупи Вселенскиот патријарх. “Заев Зоран му посочи на” Порошенко “дека е подготвена да му даде мито на патријархот Варфоломеј од 100 илјади евра во готово за доделување на афтокефалност на Македонската православна црква”, пишуваат тие.

Српски Б92 пак пренесува дека двајца Руси го насанкаа Заев: Три разговори со лажниот Порошенко.

-Двајца Руси, “пранкстери”, познати по прекарот Вова и Лексус, направија шега со северно-македонскиот премиер Зоран Заев, пишува Б92.

Коментирај