Светот го има Холивуд, а ние Глувовуд на Скопска Црна Гора (ФОТО)

0
414

Gluvo Wood се наоѓа на Скопска Црна Гора, а буквите изградени од бетон се во должина од 50 метри. Неодамна тие беа осветлени и совршено изгледаат навечер кога го осветлуваат ридот, во близина на црквата Св. Атанасиј, во близина на село Глуво, пишува „еМагазин“.

GluvoWood-W

„Светот го имаат Холивуд и Боливуд, зошто не и ние Глувовуд. Буквите се ставени над црквата која е изградена за две години со 150.000 евра донации од народот. Овде има и бунар, кој исполнува желби на оние кои веруваат. Празникот на црквата е 15 мај кога е летен Св.Атанасиј и 31 јануари кога е зимски“, вели за порталот „еМагазин“, Јовица Кукуновски, кој е иницијатор на Глувовуд.

 

Извор: Курир.мк

Коментирај