Суви сливи за здрави коски

0
530

Сувите сливи се многу добар извор на диетални влакна и витамин К. Тие содржат многу малку масти, холестерол и сол , а новата студија на американските научници покажа дека редовното конзумирање на суви сливи може да го намали ризикот од остеопороза.

Во истражувањето учествувале жени во постменопауза. Научниците ги следеле нивните навики во исхраната и го проучувале влијанието на исхраната врз здравјето на луѓето.
Претходните студии покажаа дека процентот на коскеното ткиво почнува да се намалува драстично за време на менопаузата, поради што жените имаат малку поголем ризик од остеопороза отколку мажите.

„Нашите истражувања потврдуваат дека навиките за исхрана значително влијаат на здравјето на целиот организам и дека со зголемено внесување на одредени видови на храна може да го намалите ризикот од различни медицински состојби, вели раководителот на истражувањето професор- Арјманди БХ.

Жените биле поделени во две групи . Една група секој ден требала да  јаде 100 грама суви сливи, втората група на 75 грама суво јаболко.
Овие два типа на суво овошје имаат слични хранливи својства. Тие содржат исто количество на калории, масти, јагленихидрати и растителни влакна.

Резултатите кај жените покажале дека консумирањето сливи служи како вид на превенција за намалување на коскеното ткиво.

Она што сувите сливи ги прави толку ефикасни во спречување на губење на коскената маса се флавоноидите и фенолни соединенија.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај