Супер маска за убава кожа!

0
678

Оваа маска ја ексфолира кожата и го осветлува тенот. Прекрасна за секој тип на кожа. Јагодите се одлични за затегнување на кожата и намалување на порите. Лимоните се богати со витамин Ц и лимонска киселина. Витаминот Ц е одличен антиоксиданс за неутрализирање на слободните радикали и зголемување на производството на колаген. Медот има антибактериски и лековити својства а јогуртот содржи млечна киселина која ги отстранува мртвите клетки.

Ставете во блендерот три јагоди и 30 мл. сок од лимон. Додадете 250 гр. јогурт и 30 мл. мед  и убаво измешајте. Ставете ја смесата во замрзнувачот 20 минути. Нанесете ја маската на чиста кожа, оставете ја 10 минути и потоа исчистете го лицето со влажна памучна крпа.

Коментирај