Супа од телешки јазик

0
414

Состојки:

  • 1 телешки јазик
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 парче целер ситно исецкан
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажичка црн бибер во зрно
  • 500 мл. јогурт
  • 500 мл. млеко
  • 1 лажица брашно
  • 1 жолчка
  • 100 мл. масло
  • 1 лажица лут црвен пипер

Подготовка:

  1. Измијте го јазикот убаво и ставете го да се вари заедно со морковот, кромидот, целерот, ловоровиот лист и црниот бибер. Кога ќе биде готово месото тргнете го од водата. Исцедете ја водата од сварениот зеленчук.
    2.Јазикот излупете го и исечете го на коцки. Ставете го да зоврие со една лажица од водата што сте ја исцедиле и посолете.
    3.Жолчката разбијте ја со брашното и додадете ги двата вида на млеко. Налевајте полека во оваа смеса од жешката супа и вратете ја за кратко на шпоретот.
    4.Сервирајте ја со црвен пипер  кој сте го пропржиле за кратко во загреано масло.

На здравје!

Коментирај