„Судство“: Јасно е дека СЈО ги гонеле само политичките противници на СДСМ и оние кои немале пари да платат да им се запре истрагата

0
266

Јавното обвинителство со недели го одолговлекува случајот Рекет и создава можност за влиајение на сведоците за што доби опомена и од домашната јавност, но и од високи претставници на властите во САД кои се ментори на проектот СЈО кој се урива пред нивни очи со криминал побрутален и по јасен од оној што требало да го гонат. Снимиките кои со денови ги гледа и слуша јавноста, и тоа меѓународната, Обвинителството и обвинителката Вилма Рускоска ги имале и претходно а сепак не преземале ништо против главниот учесник во рекетот без кој тој не би бил можен – шефицата на СЈО Катица Јанева, објавува „Судство“.

Секому е веќе јасно дека СЈО постоело за прогон на политичките противници бидејќи е докажана директната врска помеѓу Катица Јанева и премиерот од СДСМ Зоран Заев, како и тоа дека скандалите на СЈО и театарот постоеле само за одвлекување на вниманието на јавноста од главните финансиски случаи во кои Катица Јанева, но веројатно не само таа од СЈО, заработувале милиони евра за да ги ослободуваат осомничените.

Кога ќе се подвлече линија јано е дека СЈО ги гонеле само оние што се политички интерес на СДСМ и оние кои немале пари да платат да им се запре истрагата, како што тоа е случај со предметите Империја и Поштенска банка, но и други. Сега, по увид во само еден дел од доказите против Катица Јанева и СЈО таа институција е непостиечка, а Катица Јанева се наоѓа пред притвор кој најверојатно ќе се случи во среда, кога таа под притисок на доказите и јавноста конечно ќе биде повикана на распит.

Ден пред неа свој исказ дава и обвинителката Лиле Стефанова која деновиве дада изјави од кои јасно се гледа дека Катица Јанева со план ги менаџирала профитните случаи, а бидејќи се очекува таа и пред Вилма Рускоска да ги повтори своите изјави дополнети со потребни детали, Катица Јанева и формално во предметот станува главен фактор. Дали истрагата ќе запре само на Катица Јанева, или ќе се прошири уште на една обвинителка и еден обвинител од СЈО ќе се дознае до крајот на месецов.

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО.

Стефанова била повикана по нејзината изјава дека и бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.

Неофицијално следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Извор: Курир.мк

Коментирај