Судски небулози: Јане Ченто и натаму во притвор, а внатрешна контрола докажа дека полицаецот лажел и не проверил дали е дома?!

0
701

Одбраната се надева дека новите докази ќе бидат земени предвид од страна на судот, и дека на Јане Ченто ќе му биде одредена поблага мерка, оти се докажало дека обвинетиот немал намера да бега, објави ТВ Алфа

Полициски службеник дал лажни податоци за местоположбата на Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, поради што од својот дом е пренесен во затворот во Шутка, вели неговата адвокатка Валентина Тодоровска.

Според неа, дека Јане Ченто не го напуштил својот дом за време на куќниот притвор, потврдиле и од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Одбраната се надева дека новите докази ќе бидат земени предвид од страна на судот, и дека на Јане Ченто ќе му биде одредена поблага мерка, оти се докажало дека обвинетиот немал намера да бега.

И народниот правобранител констатира дека на Јане Ченто му биле повредени човековите права и слободи, вели Тодоровска.

Внукот на Методија Андонов Ченто, кој е осомничен за собраниските настани беше во куќен притвор, а по преиначување на мерката од страна на Апелација, пред два месеци, повторно е вратен во затвор по наредба на судот, бидејќи како што тогаш посочија од таму, не ја почитувал мерката за обезбедување, односно да не го напушта домот.

Останува отворено прашањето, дали судбината на првиот македонски претседател Методија Ченто кој секогаш се залагал за признавање на македонскиот идентитет и јазик, ја преживува и неговиот внук Јане, кој во моментов е зад решетки.

Извор: Алфа.мк

Коментирај