Судијата свиреше крај во 88. минута, причините ќе ве расплачат

0
849

Навистина тажни сцени се случуваа овој викенд во Португалија на мечот од јуниорските екипи помеѓу Брага и Бенфика.

Имено, главниот судија на мечот свиреше крај во 88. минута откако младиот играч на Брага, Давид Веига дозна дека неговата мајка починала во сообраќајна несреќа.

Ова се случи пред самиот крај на мечот откако тренерот на Брага, Артур Жорге ја дозна лошата вест и веднаш ја соопшти на судија. Судијата означи крај, а потоа играчот ја дозна ужасната вест.

Несреќната мајка починала на неколку километри од стадионот каде што била тргната да го гледа мечот на својот син.

Извор: republika.mk

Коментирај