Судијата Панчевски открива како Боки Тредичи го негувал „пупка судството” по налог на Заев и Шеќеринска

0
2148

ПОДОБНИ СУДИИ ХАРАЛЕ ПО КРИВИЧЕН. МЕСТЕЊА ПРЕДМЕТИ, МАНИПУЛАЦИИ И МНОГУ МНОГУ КЕШ, БОКИ ТРЕЈДИЧИ ГИ СЛЕДЕЛ НАЛОЗИТЕ НА ЗАЕВ И ШЕЌЕРИНСКА И ПРЕКУ „ГЛУМЕН АКМИС” СО ВЛАДИНИТЕ СОВЕТНИЦИ СИ ГО НЕГУВАЛЕ ПУПКА ПОДОБНОТО СУДСТВО, пишува судијата Владимир Панчевски кој дава и конкретни имиња на вмешани судии.

Според Панчевски „Се се случувало со знаење и поддршка од членови на Судскиот совет кои по политичка нарачка (Лорета од Струмица, Киро од Врховен и Лидија од Велес) ја занимавале јавноста со АКМИС системот и Панчевски додека на раат си ги местеле предметите кај Весна Димишкова која ги отвори вратите на СЈО во 2016-та година”.

Судијата го споменува и „Седат Реџепагиќ кој не определи притвор за Зоран Заев за предметот „Глобал” во 2008-ма година, а вториов како награда му ја вработија ќерката во Кривичен!”.

„Антикорупциска, Јавното обвинителство на Јовески и Судскиот совет потонати во корупција, молчат… тик…так… времето им ги отчукува последните секунди!!!”, пишува Панчевски.

IMG_20190811_213818_929

Коментирај